октомври 11, 2024

Ова е второ ништење на дрога и оружје во рок од шест месеци со вкупно уништени 12 тони разновидна дрога
Вечерва во фабриката „Макстил“ МВР уништи над 1 400 килограми различни видови дрога и околу 270 парчиња разновидно оружје.

Станува збор за дрога и оружје запленети во текот на 2022 година, а за кои веќе има правосилни судски одлучи, како и судски решенија за ништење.

Во рок од шест месеци ова е второ уништување со вкупно уништени околу 12 тони различни видови на дрога и психотропни супстанци, реализирано со заедничка координација и соработка на МВР со Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Агенцијата за управување со недвижен имот“,

изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На вечерашното ништење присуствуваше раководството на МВР, претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и ученици од средното економско-правно училиште во Скопје „Васил Антевски Дрен“.

„Денешното како и претходното уништување е резултат на големиот број константни оперативни акции и активности што МВР ги спроведува изминатите неколку години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори, за што зборува фактот дека минатата година ја завршивме со запленети рекордни над 2,4 тони дрога и 20 тони прекурсори. Сузбиени беа 12 организирани криминални групи со откриени над 660 кривични дела и 770 сторители“,

рече Спасовски.
За недозволена трговија со оружје, пак, министерот потенцираше дека ланската година ја завршиле со над 18 отсто зголемена откривачка дејност односно со откриени 127 парчиња оружје и 5 103 парчиња муниција.

The post (ВИДЕО) МВР вечера уништи 1 400 килограми дрога и 270 парчиња оружје. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK