октомври 11, 2024

Говорот на омраза во одредени портали не е од вчера, но по апсењето на МарјанДоказ, поднесени кривични пријави за
уште два портала.
Телевизија Канал5 поднесе пријава против две лица за говор на омраза по што се очекува Јавното обвинителство
да се произнесе. Кривичните се за сопствениците на порталите Мактел и Рубин-Народен глас.
Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице.

Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, пти што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица .

Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица.
Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи.

Вчера лицето С.И. преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајката на „јутјуберот“ Лазаров – девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран.
Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

The post По кривичната за МарјанДоказ, кривични од Канал 5 за Саше-Мактел и Рубин-Народен глас appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK