октомври 12, 2024

Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.

Со пратката, која се содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови, повторно се  докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот континент.

Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која со успех се претставија возилата на БРАКО. Околу 500 посетители на Конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната Америчка држава покажаа голем интерес за електричните модели на БРАКО, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.

The post Расте интересот за возилата на БРАКО во САД – Нова испорака на 7 возила за градска хигиена во Калифорнија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK