октомври 12, 2024

Бојан Јовановски испрати писмо до шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази со намера да иницира постапка за поднесување на кривични пријави на записник. Тој бара да биде изведен пред Абази без одложување, бидејќи, како што наведува во писмото, „располага со сознанија и докази за сторени кривични дела од високо профилни личности во сферата на политиката, правосудниот систем и бизнис елитата“.

„Барам да бидам изведен пред вас веднаш и без одложување, со цел да ги поднесам кривичните пријави и да ви ги предадам сите докази со кои располагам во форма на аудио снимени разговори, транскрипти и остварени телефонски комуникации во форма на пораки, фотографии и видео записи. За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание. Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување, да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основен кривичен суд Скопје, за кое имам основано сомневање дека е донесонео од криминогени побуди и намери на поединци“, пишува Јовановски во писмото до Абази.

Писмото на Јовановски до Абази е испратено на 16 февруари. Од тогаш минаа пет дена и во отсуство на повратен одговор, неговиот правен тим го проследи и до јавноста.

The post Јовановски со писмо до Абази: Имам „бомби“ за лица во политиката, правосудството и бизнисот, целата моја доверба ја вложувам во вас appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK