октомври 12, 2024

Полицијата го уапси вториот напаѓач на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој беше претепан на 19 јануари во Охрид. Од полицијата информираат дека уапсениот е битолчанец кој е осомничен за нанесување на тешка телесна повреда.

На 21.2.2023, во 17 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б. А. (23) од Битола. Тој бил баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО – информираат од МВР.

Првоуапсениот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор, туку ќе се брани од слобода. Судот по истекот на 30-дневниот притвор одлучи да ја преиначи мерката притвор со одземање на странскиот пасош кој го поседува Спасевски.

Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари во охридскиот суд.

The post Уапсен вториот напаѓач на Пендиков appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK