октомври 12, 2024

Битолчанецот што беше осомничен дека учествувал во нападот на Христијан Пендикови кој оттогаш беше во бегство, бил приведен од полицијата. Според првичните информации, тој се сомничи за тешка телесна повреда поради тоа што го натепал Пендиков, а за тоа дали ќе му бидат одредени мерки за обезбедување присуство, ќе каже охридското Обвинителство.

На 21 февруари во 17 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б. А. (23) од Битола. Тој бил баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО“, велат од МВР за „Макфакс“.

За апсењето најпрвин извести бугарската фондација „Македонија“. Тие објавија и слика од приведениот битолчанец.

The post Бугарите објавиа и фотографија од приведениот битолчанец !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK