октомври 12, 2024

Најпопуларниот британски шоумен и водител, Греам Нортон, ќе биде еден од четворицата водители на годинашниот Евросонг што ќе се одржи во Ливерпул. Организаторите денес ги објавија имињата на водителите, па освен Нортон, на сцената на Евросонг ќе се појават и Хана Ведингхам, Џулија Санина и Алеша Диксон.

Хана е глумица, наградена со Еми за улогата во серијата „Тед Ласо“, а глумела и во „Игра а тронови“ и „Хокус покус 2“.

Џулија беше финалист на шоуто „Танц со ѕвездите Украина“, а била и судија украинскиот „Икс фактор“. Со својот бенд „Хардкис“ во 2016 година се натпреваруваше во домашниот избор за Евросонг во Украина.

Алиша е позната водителка во „Би-би-си“, и поранешна членка на познатиот бенд „Мистик“.

Евросонг во Ливерпул ќе се одржува од 9 до 13 мај.

The post Најпопуларниот британски шоумен Греам Нортон ќе биде водител на Евросонг во Ливерпул appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK