октомври 12, 2024

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва во емисијата Само вистина на Канал 5 изјави дека повеќе институции се задолжени да откријат кој стои позади хибридниот напад.

Вели дека ова нанесува економска штета, а штети и на образовниот процес. Но, Ангелов рече дека дел од граѓаните воопшто не се плашат затоа што знаат дека дојавите за бомби се лажни.

„Ако сега отидам дома и ако ми јават дека во зграда има дојава за бомба, нема да излезам, ќе гледам телевизија, надвор студи“, рече Ангелов.

Тој смета дека граѓаните ќе отрпнат по многуте дојави за бомби. Aнгелов вели дека ова не е случајно токму сега во Македонија да има дојави за бомба и според него државата е таргетирана.

The post Ангелов: Ако сега отидам дома и ми јават дека во зграда има дојава за бомба, нема да излезам, ќе гледам телевизија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK