октомври 12, 2024

Средовечен штипјанец е уапсен во Куманово, откако обил продавница во градот, украл пари и клучеви од автомобил, побегнал со него и потоа удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта, соопшти МВР.

„На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” вo градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, најави МВР.

The post Штипјанец бегаќи со украден автомобил удрил во надгробна плоча !! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK