октомври 12, 2024

Автобус излета синоќа од патот Битола-Прилеп, пришто повредени се 11 лица.

Несреќата се случила во 22.47 часот, а возилото го управувал М.А.(50) од Битола, соопшти полицијата.

„Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, велат од МВР за несреќата.

Увид извршила полициска екипа од Битола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK