октомври 12, 2024

Македонската актерка Билјана Драгичевиќ-Пројковска вчеравечер настапи на сцената на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија и доби силен аплауз и овации за нејзината улога на Серафима Илинична во „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов.

Народниот театар „Иван Вазов“ со оваа изведба го прослави јубилејот по повод 100-годишнината од раѓањето на големата режисерка и професорка Јулија Огненова. Поканата за гостувањето на Народниот театар во Софија, е големо признание актерка Пројковска, бидејќи овој театар со своите претстави е еден од водечките во регионот и Европа.

Софиската публика ја награди дарбата и чувството за хумот на нашата актерка со неколкукратен аплауз.

Во исклучителна атмосфера, оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ „Иван Вазов” предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.

Инаку, и македонската публика имаше можност да ја гледа Биљана Драгиќевиќ Пројковска, толкувајќи го истиот лик на Серафима Илинична, во нашата изведба на „Животот е прекрасен“, поставена во Македонскиот народен театар, во режија на Александар Морфов. Важно е да се спомене, дека оваа македонска врвна актерка за истата улога ја доби и престижната актерска награда на Македонскиот Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“, за најдобра епизодна женска улога на изданието на Фестивалот во 2016 година.

 

The post Аплауз и овации за Билјана Драгичевиќ-Пројковска во театарот во Софија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK