октомври 12, 2024

Основен кривичен суд Скопје донесе решение. Се уважува барањето на Обвинителство и на Латас и Лазаров им се одредуваат превентивни мерки – одземање на пасош и забрана за јавен настап.

Заради интерес на медиумите поврзн со обвинителниот предлог на Основнот јавно обвинителство против две лица за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, ја информираме јавноста дека:
По добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23 кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое ПРЕДЛОГОТ НА ОЈО СКОПЈЕ СЕ УВАЖУВА, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, на обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

The post Сами си ја пресекоа гранката: Лазаров и Латас останаа без пасоши и забрана за емитување !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK