октомври 12, 2024

Писателката Ксенија Николова објави дека имала биохемиска бременост, односно дека била бремена и за неколку дека се променила состојбата.

„Пред десетина дена имав биохемиска бременост, односно бев бремена и за неколку дена се загуби тоа што се нарекуваше бременост. Иако многумина ќе речат дека тоа не било ни бременост, сепак за мене беше важно, посебно кога го добив резултатот со повисоко ниво на ХЦГ. Повисоко и доволно за бременост, се надевавме дека ќе порасне, но за жал се загуби бременоста“, вели Николова.

Таа додадва дека во ваква ситуација нема да се јави докторот со стратегија како да го постигнеш тоа што го сакаш и нема кој да дојде и да ти даде надеж и сила.

„Во изминатите 10 дена сфатив дека ние жените сме најсилни суштества на планетата Земја. Не сме свесни колку сме силни и колку моќ има во нас за да ги надминеме најтешките ситуации“, искрено раскажува Ксенија.

Инаку, биохемиската бременост се случува кога резултатот од тестот за бременост преку урина или крв е позитивен, но опаѓа и станува негативен пред клинички бременоста да може да се види на ултразвук.

Писателката за Репортер зборуваше отворено за проблемот со неплодноста. Со сопругот, кој е ракометен судија, веќе некое време безуспешно се обидуваат да станат родители. Ксенија неколкупати била на разни ин витро третмани и иако за сега не даваат резултат, не се обесхрабрува.

„Не можам да молчам на толку важна тема кога знам колку луѓе се соочуваат со ова. Неплодноста е многу честа појава, а јас бев изненадена колку луѓе стапија во контакт со мене и ми кажаа дека го имаат истиот проблем. Чувството дека не си сам во ова прави да ти биде полесно. Тоа е долг, емотивен пат, а неуспехот е нешто што мора да го прифатиш и да продолжиш понатаму. Се креваме со сопругот еден со друг. Некогаш јас не можам повеќе, па тој ми дава надеж, некогаш кога нему му е тешко по неуспешен третман, јас го водам напред. Тој ме поддржува во тоа дека зборувам јавно за неплодноста бидејќи поминува низ истото што и јас, а и нему му помага кога ќе има со кого да поразговара“, раскажа Ксенија за Репортер.

The post (Видео) Ксенија Никола повторно се соочи со неуспешна бременост: ние жените сме најсилни суштества на планетата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK