октомври 12, 2024

Поранешниот премер Никола Груевски на Фејсбук продолжува да ја коментира судската одлука за ослободување од вина на Љубе Бошковски и вели дека пазарењето за националните интереси е често кај политичарите.
Очигледно така функционира сето ова, и вака изгледаат многу од политичарите кои ги гласате, а кои ви кажуваат разно-разни измислени причини, подготвени фрази и образложенија зошто треба да се промени името на држава и на јазикот, идентитетот, историјата или други национални одстапки. Или едно во говорат пред, а друго после изборите.

Немојте да мислите дека со Заев и неговата банда разговорот бил многу различен. Може само сумите да биле различни. И не само со Заев…

Не ги обвинувајте нашите соседи, тие си ја бркаат својата работа. Си се борат за нивната држава, нација, историја, идентитет, јазик, интерес…

Сигурно ова не почнало и не завршило со Љубе.

Но, Љубе е очигледно само прототип на политичар, кој самиот отворено кажува дека го лаже народот во изборна кампања за после “да му го зарие ножот каде најмногу го боли” за пари и да го продаде како компири на пазар.

И немојте да мислите дека и со мене не се обиделе. Уште пред да станам премиер а кога веќе тоа беше јасно, дојдоа стројниците…Доаѓаа разни стројници и потоа и со матерјални и со не матерјални понуди за спогодба. И со морков и со стап.

Исходот е познат и не сум јас вака жестоко нападнат туку-така. Но, тоа можеби во некоја друга прилика… – напиша Груевски на Фејсбук.

The post Груевски открива: И со мене пробаа да се пазарат за национални интереси ама исходот е познат, затоа ме напаѓаат толку appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK