октомври 12, 2024

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговорите, видео снимките, транскриптите.

Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.

Оттаму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави лично шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители.

„Поради тоа што располагам со сознанија и докази за сторени кривични дела од страна на високопрофилни личности од сферата на политиката, правосудниот систем и бизнис елитата, барам да бидам веднаш изведен со цел да ги поднесам кривичните пријави и да ви ги предадам сите докази со кои располагам во форма на аудио снимени разговори, транскрипти и остварени телефонски комуникации во форма на пораки, фотографии и видео записи, т.н. бомби“, напиша Боки-13 во писмото.

The post Абази ќе испрати обвинител во „Идризово“ да ги земе „бомбите“ од Боки 13 appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK