октомври 12, 2024

Кристина Димитри го прослави шестиот роденден на својот син Давид. Роденденски балони, конфети, торта со Спајдермен, беа дел од забавата. И овој пат таткото на детето, Даниел Кајмакоски, со кого беше во брак Кристина, не дојде на роденденот. Тој, пак, неодамна се ожени, а за новата сопругата кажа дека ја извадила најдобрата верзија од него. 

„Тематската журка беше Спајдерен, а дрес кодот беше 007. Давид најмногу се израдува на поклонот што го доби штом се разбуди, а тоа беше часовник од мојот брат. Се радуваше на сите подароци, ама кажа дека часовникот му е омилен подарок“, рече Кристина за „Репортер“.

Таа откри дека журката ја правеле во Тетово, во локал кој му е еден од омилените на Давид, и каде што одат скоро секој ден.

„Немаше роденденска желба посебно, бидејќи неговите желби ги остварувам секојдневно. Давид е исполнето и среќно дете, а кога сака, има негови методи и добива секогаш сè“, вели Кристина.

На забава беа само блиските од семејството на Кристина. На фотографиите од роденденот таа напиша „Засекогаш“, а и не е тајна дека таа вели дека таа е и мајка и татко на детето.

The post Џејмс Бонд журка за синот на Кристина, таткото Кајмакоски и овој пат го немаше на роденденот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK