октомври 12, 2024

Полицијата вчера спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

При контролата констатирани се три кривични дела. При преглед на патничко моторно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки кај Б.Т.(21) и К.С.(24) двајцата од Виница биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а бидејќи Р.М.(50) во Дебар возел такси возило без лиценца, соопшти МВР.

При контролата санкционирани се 48 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK