мај 11, 2026

Поради  здравствена состојба хрватската пејачка Јосипа Лисец го одложи концертот кој требаше да го одржи во концертната сала „Лисински“ во Загреб.

Како што соопштуваат организаторите, Лисац има проблеми со ишијас.

„Вториот концерт на Јосипа Лисац во Загреб, кој требаше да се одржи во сабота на 25 февруари, во концертната сала на „Ватрослав Лисински“, беше одложен поради здравствената состојба на нашиот најголем музички уметник. Со недели пред првиот концерт, како и на самиот настап во вторник, 21 февруари, Јосипа претрпе значителни болки предизвикани од ишијас. Таа во моментов не е во состојба на публиката да и ја даде изведбата што ја заслужува“, пишува во соопштението.

Новиот датум на концертот во Загреб ќе биде објавен наскоро.

The post Јосипа Лисац поради здравствени проблеми го одложи концертот во Загреб appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK