ноември 23, 2024

Поранешната сопруга на поранешниот италијански фудбалер Даниеле Де Роси – Тамара Писноли, беше обвинета за киднапирање и мачење на италијанскиот претприемач уште во 2014 година. Таа не е во брак со поранешниот играч на Рома од 2009 година, а беше уапсена со уште осум лица.

Поранешната сопруга на фудбалерот Даниеле Де Роси е осудена на 7 години затвор поради киднапирање

Оставени на улица

Тие се приведени бидејќи киднапирале и мачеле италијански бизнисмен во обид да изнудат пари од него. Наводно го изнудувале и му зеле 340.000 евра. Бизнисменот се нашол во неволја откако ја запознал Тамара, а потоа бил претепан и оставен на улица, а скапиот „Ролекс“ му го симнало од рака односно му го украле.

После девет години стигна пресудата на римскиот суд:

– Тамара Писноли, Франческо Камилети и Франческо Милано се осудени на седум години и два месеци затвор за обид за изнуда и грабеж, додека обвинението за нанесување повреди истече.

– Ги чекаме причините за казната, ќе поднесеме жалба – веќе најавија адвокатите на еден од двајцата обвинети, пренесува италијански „Ил Месаџеро“.

-Изненадена сум, тоа е приказна од пред 10 години која започна со измама врз мене поради погрешни познанства кои ми исчезнаа во животот со години, се надевам дека ќе се утврди мојата добра волја – изјави Тамара.

Купила лиценца

Таа на почетокот на истрагата беше прогласена за невина за нападот на Антонел Јефи од кого купила лиценца за фотоволтаичен систем, а потоа со „камата“ барала да и ги вратат парите. Но, се покажа дека таа е всушност најодговорна за нападот врз него. Некои од сведоците велат дека таа го наредила нападот.

– Знаеш ли колку време ми треба да убијам човек? Ништо, само ќе му дадам 10.000 евра на еден Албанец – викала Тамара пред да се случи нападот на претприемачот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK