ноември 23, 2024

„Целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена. Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното“, соопштија од СДСМ утрово.

„На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието.

Се случи спротивното. Нема 61 пратаник Мицкоски туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

Мицкоски рече дека во мај ќе се случеле предвремени избори. Секако дека се случи спротивното.

Нема предвремени избори, Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена.

После капитулацијата со предвремните избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година“, порачаа оттаму.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK