октомври 12, 2024

Некој се збунил, или заборавил да ги “испегла” грешките во најновата “анкета” објавена денеска од МКД.мк а спроведена од агенцијата Маркет вижн.

Ова го забележувата и од СДСМ:

– Анкетата којашто денеска беше објавена има различни бројки. На почеток се тврди дека се анкетирани 1.200 граѓани, а на крај дека биле 1.067, реагира СДСМ за последната анкета која покажува предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

-Анкета со различни броеви не може да биде релевантна туку обид за манипулација на граѓаните.

Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот.

Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз, се вели во реакцијата на СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK