ноември 21, 2024

Најпопуларните диети на познатите жени во исто време се многу бизарни и не можеме да замислиме дека некој може да толерира вакви режими на исхрана.

Постојано се изложени на очите на јавноста, а притисокот што го трпат е голем. Од нив се очекува да изгледаат совршено во секое време. Затоа овие дами прибегнуваат кон некои тотално бизарни методи за слабеење.

Еве за што се работи…

Рене Зелвегер – диета со коцки мраз

Со оглед на тоа што за улогата на Бриџит Џонс мораше многу да се здебели, оваа призната и наградувана актерка реши да ослабе со ригорозна диета, која подразбира само конзумирање на коцки мраз. Со оваа диета, целосно откажувајќи се од храната, актерката го изгубила целиот вишок килограми.

Џенифер Лопез – Масло од грејпфрут
Истражувањата покажаа дека маслото од грејпфрут содржи ароми кои можат да го намалат апетитот. Џенифер Лопез е една од познатите личности која секогаш има масло од грејпфрут во својата чанта. Изворите тврдат дека Џеј Ло го „зема“ три пати на ден по 15 минути за да и го потисне апетитот.

Мишел Фајфер – Диета на дишење
Оваа многу опасна диета се практикува како дел од култот чии корисници веруваат дека преку процесот на медитација човекот може да живее само од воздух и сонце. Мишел Фајфер призна дека била дел од овој култ на почетокот на нејзината кариера и дека ја применила оваа диетална метода која се залага за дишење и сонце наместо храна.

Ферги – јаболков оцет
Иако нема ригорозен план за исхрана како останатите ѕвезди, пејачката смета дека јаболковиот оцет, кој го зема по две лажици дневно, е корисен за нејзината витка линија. Како што и самата призна, таа, исто како и Мишел Фајфер, извесно време користела хранење со сончева енергија.

Никол Кидман – варени јајца
За време на снимањето на Студената планина, Никол Кидман била на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е премногу комплицирана – ниту е здрава: таа јадела едно варено јајце наутро и две до три навечер.

Кејти Холмс – моркови и брокула
Кејти Холмс еднаш реши да ослабе така што јадеше супа од морков за појадок и сирова брокула за ручек и вечера.

Анџелина Џоли – грст јаткасти плодови и семки
Списанието Marie Claire пишувало за нејзината исхрана поради која наводно изгубила повеќе од 15 килограми.Таа диета вклучувала грст јаткасти плодови и семки. Како што пишува магазинот, самата Анџелина се пофалила дека мешавината од киноа, просо, чиа семе и хељда и помага да ја одржи фигурата и здравјето и дека навистина сака да ги јаде. Наводно, во тоа време внесувала само 600 калории дневно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK