ноември 22, 2024

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл била разочарана кога првпат го запознала принцот Хари затоа што го мислела за побогат, тврди кралскиот експерт Том Бавер за Daily Mail.

Том кој ја напиша книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндѕор“, во 2022 година, во интервју рече дека бившата глумица во тој период била опседната со пари.

„Беше изненадена, но во исто време и разочарана што принцот Хари тогаш имаше малку пари. Го замислуваше дека вреди стотина милиони, ако не и милијарди“, рече Том и објасни дека двајцата не можеле да си го дозволат начинот на живот како вработени членови на кралското семејство.

„Меган сакаше да се вози во големи Кадилаци, приватни авиони и слично“, додаде Том.

„Форбс“ во 2021 година го процени нивното богатство на 10 милиони долари, вклучувајќи ги и работите кои му ги остави принцезата Дајана во наследство и капиталот кој го остварија со купувањето на нивната вила во Калифорнија.

Исто така беа финансиски отсечени од имотот од кралското семејство, кое се проценува на 34 милијарди долари. Двајцата во 2020 година ги напуштија кралските должности и се преселија во САД.

Подоцна ја основаа Archewell Productions за производство на програма која информира, подигнува и инспирира. Компанијата потпиша повеќегодишен продукциски договор со „Нетфликс“, кој се проценува на вредност меѓу 100 и 150 милиони долари по рок.

За неговата книга Page Six во јули 2021 година извести дека Хари добил аванс од 20 милиони долари кога ја продал.

The post Меган се разочарала кога првпат го запознала Хари, го мислела за побогат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK