Глумецот Том Сизмор веќе некое време се бори за живот во болница во Лос Анџелес. Откако состојбата драстично му се влошила лекарите на семејството му соопштило дека ќе мора да одлучат дали да го исклучат од апаратите кои го одржуваат во живот, пренесоа американските медиуми.
Неговиот менаџер, Чарлс Лаго за TMZ, откри дека Том се онесвестил во неговиот дом поради аневризма на мозокот.
„Денес докторите не информираа дека за Том нема надеж. Им препорачаа да го исклучат од апаратите кои го одржуваат во живот. Тие во моментов одлучуваат за неговиот живот, а подоцна ќе излезат и со соопштение. Во овие тешки времиња бараат приватност и сакаат да им се заблагодарат на сите за поддршката и молитвите кои ги примија изминативе денови. Ова беше тежок период за нив“, рече Чарлс.
Том заврши во болница пред повеќе од недела дена, а неговиот менаџер рече дека неговата состојба е лоша и дека не се знае дали целосно ќе се опорави. Сеизмор со години имаше проблем со зависноста и законите. Беше уапсен и за семејно насилство. И покрај бројните проблеми имаше успешна кариера и глумеше во „Спасувањето на војникот Рајан“, „Родени убијци“, „Падот на црниот Јастреб“ и други.
The post По влошената здравствена состојба семејството на Том Сизмор ќе одлучи дали да го исклучат од апаратите кои го одржуваат во живот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде