Аргентинецот Диего Бариа, кој исчезна на 18 февруари, бил најден во стомакот на ајкула, пренесе Sky News. 32 годишниот Барие последен пат бил виден како се вози во близина на брегот на Чубут, провинција во Аргентина. Двајца рибари во неделата пријавиле дека уловиле три ајкули во близина каде исчезнал.
Додека ги чистеле ајкулите, нашле остатоци од неговото тело.
„Семејството го препозна благодарение на тетоважата на неговото тело. Ќе направиме и ДНК анализа за да потврдиме дека станува збор за него“, рече офицерот задолжен за потрага по Барие, Даниела Милатруз.
Неговиот теренец го нашле на плажа во близина на Рокас Колорадас само два дена откако било пријавено дека исчезнал. Полицијата не знае точно што се случило и претпоставуваат дека доживеал сообраќајка.
„Мислиме дека така завршил во морето затоа што тој ден имаше плима, па телото најверојатно го одвлекле ајкули“, рекоа од полицијата.
The post Аргентинец кој исчезна пред недела дена го нашле во стомак на ајкула, семејството го препознало по тетоважата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде