ноември 25, 2024

Адвокатот Димитрија Цобоски по првото рочиште на судењето на Илија Спасески изјави дека е „политичка работа“ тоа што неговиот клиент е обвинет дека го нападнал охриѓанецот Христијан Пендиков на 19 јануари во Охрид врз национална основа, затоа што тој се изјаснува како Бугарин. „Не е точно“, вели адвокатот.

– Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници што е особено штетно за целата постапка. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.

The post Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани кога потона бродот во Охрид, вели адвокатот на напаѓачот на Пендиков appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK