октомври 13, 2024

Откако беше убиена Аби Чои (28), модел од Хонг Конг, четворица членови на едно семејство беа обвинети за убиство.

Поранешниот сопруг на манекенката, Алекс Квонг, неговиот брат Ентони и нивниот татко Квонг Кау беа обвинети за нејзиното убиство, додека мајката на Алекс, Џени Ли, беше обвинета за попречување на правдата.

Обвинетите денес се појавија пред судот во Хонг Конг, откако полицијата соопшти дека пронашла делови од распарченото тело на младата манекенка, објави јавната телевизија RTHK, пренесе Си-Ен-Ен.

На членовите на семејството на трагично повредената манекенка, според пресудата на судот за прекршоци во градот Ковлон, им е одбиена гаранцијата, а тие допрва треба да ја признаат вината во понатамошниот процес, јавува РТХК.

Инспекторите во неделата идентификувале череп, неколку ребра и коса во голем сад за супа од нерѓосувачки челик за кој се верува дека се делови од телото на манекенката Аби Чои, соопшти полицијата. Другите делови од телото, вклучително и торзото и рацете, сè уште се водат за исчезнати.

Полициската истрага започна во средата, кога манекенката беше пријавена за исчезната, а сега истрагата ќе продолжи. Само два дена откако таа беше пријавена за исчезната, делови од телото на Аби Чои беа пронајдени во дом во градската област Таи По, соопшти полицијата. Според соопштението, во куќата биле пронајдени и ножица за месо, електрична пила и облека.

Веднаш откако манекенката беше пронајдена убиена, поранешниот сопруг на Чои беше уапсен на фериботот на еден од островите во градот, а неговиот брат и родителите беа уапсени во петокот.

Покрај нив, петтоосомничена е 47-годишна жена која е уапсена во неделата и е поврзана со овој случај, соопшти полицијата.

Судот го одложи случајот до 8 мај за да овозможи понатамошна полициска истрага, објави РТХК.

Аби Чои беше популарна манекенка и инфлуенсерка, неодамна беше модел на дигитална насловна страница на луксузниот магазин L’Officiel Monaco и присуствуваше на овогодишната модна недела во Париз.

The post Главата на трагично убиената манекенка пронајдена во тенџере за супа appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK