ноември 21, 2024

Во првата ноќ во март ќе изгледаат како двете планети Јупитер и Венера да се допираат. Овој феномен е познат како спојување, зашто создава впечаток дека една планета се наоѓа многу блиску до месечина, ѕвезда или друга планета.

Отсјајот од најголемата планета Јупитер и најсветлата планета Венера ќе создаде спектакуларен сјај, велат од НАСА.

Набљудувачите ќе можат да видат и четири од најголемите месечини на Јупитер. Во изминатите неколку недели, двете планети постепено се доближуваа една до друга, но во реалноста, тие се раздалечени 600 милиони километри.

„Спојувањата често се случуваат во нашиот Сончев систем зашто планетите кружат околу сонцето во приближно иста рамнина и на тој начин трасираат слични патеки низ небото. Така што, иако овие две планети често се спојуваат без длабоко астрономско значење, тоа е сепак убава глетка“, вели НАСА.

Ако небото биде чисто, спојувањето ќе може да се забележи и со голо око.

The post Феноменот на спојувањето на Јупитер и Венера ќе може да се види со голо око appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK