На 28.02.2023 во 13.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.О.(28) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување”, казниво по член 240 од Кривичниот законик.
При преглед во нејзиното возило „рено клио” со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени лекови во вид на ампули кои ѝ биле доверени и за кои била задолжена на Клиниката каде што била вработена. Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката.
Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.