ноември 23, 2024

На 11-ти март во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.

Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.
Првенството ќе го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите: деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.

Котизацијата е 1.000 денари по натпреварувач, а рокот за пријавување е до 9-ти март до 24:00 часот.

Натпреварите ќе се одржуваат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање ќе биде од 12:00 часот.

The post На 11-ти март во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK