Хаватската пејачка Северина првпат проговори за пријателството помеѓу нејзините бивши сопрузи, Милан Поповиќ и Игор Којиќ. Пејачката за српски „Стори“ го коментираше нивното пријателство и вели дека не е шокирана од нивната дружба, ниту од фотографиите на кои позираат прегрнати.
„Мене прва асоцијација ми беше песната на Фран Ласиќ „Прегрнати“. Си помислив „О, Боже, нереална е нивната средба, токму како во стихот: Прегрнати бевме ние, одеднаш тоа се случи, ниту тебе, ниту мене никогаш не ни беше така. Погледнете ги божјите патишта, неочекувани се. Затоа јас верувам, како што верувам во изреката дека на се има крај“, изјавила Северина.
Бившите сопрузи на Северина, во последните неколку месеци се почесто се дружат. Пријателството помеѓу Поповиќ и Којиќ започна ова лето кога Милан беше гостин на роденденот на Игор.
Северина зборувала и за разводот со Игор Којиќ.
„Јас заминав во тишина. И до тоа ќе останам да се држам“, рекла пејачката.
Таа во 2015 година се омажи за Игор Којиќ, а се разведе во 2021 година.
The post Северина за дружбата на бившите мажи: Нереална е нивната средба, но на се има крај appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде