септември 28, 2024

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.
Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.

The post Штипските пекари ја намалија цената на лебот на 30 денари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK