Директорот на Државниот пазарен инспекторат порача дека одлуката за замрзнатата цена од 33 денари за белиот и полубелиот леб мора да се почитува. Тој вечерва им порача на пекарниците и маркетите дека ќе продолжат инспекциските контроли. Трајковски е дециден дека е недозволиво лебот да биде недостапен за граѓаните.
Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен. И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“, порача директорот Трајковски.
The post Директорот на Пазарна инспекција: Никој нема да биде поштеден, леб ќе има, инспекторите се на терен appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде