ноември 23, 2024

Младата кантавторка и пејачка Дина Јашари ќе настапи на словенечкиот фестивал „Мент“. Организаторите ја најавија како Дина Чашари и Другари, која на 30-ти март ќе има настап.

„Младиот македонски талент во подем ја плени локалната сцена со својот уникатно искрен кантавторски стил. Нејзината музика, заснована на срце и авторска вештина, се состои од сонливи хармонии, емотивни текстови и свежи ритми. Досега има издадено четири синглови и едно ЕП, а моментално интензивно го подготвува својот деби албум. Настапуваше на фестивали и музички конференции низ целиот Балкан, а нејзината песна „Дома“ минатата година беше наградена од регионалното жири на Фондацијата Милан Младеновиќ“, напишаа од „Мент“ за Јашари.

„Мент“ инаку е платформа која поддржува и промовира словенечки изведувачи и автори во странство. Тоа го прави како дел од мрежата „Иновејшн нетворк од шоукес фетсивалс“, која веќе вклучува 18 европски фестивали, но соработува и со други настани и индивидуални настани. Како дел од активностите на платформата „Мент“, од 2014 година, 57 словенечки бендови и изведувачи настапиле на различни странски фестивали и места и имаат изведено вкупно 187 настапи во 16 различни земји.

Од 2014 година, „Мент“ во соработка со Словенечки музички информативен центар организира предавања и работилници на тема музички бизнис. На нив, домашни и странски музички професионалци го пренесуваат своето знаење на заинтересираната јавност.

 

 

The post Дина Јашари и другарите ќе настапат на фестивал во Словенија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK