Египетските служби задолжени за антиквитети објавија дека откриле скриен девет метри долг ходник зад главниот влез во Големата пирамида во Гиза. Рекоа дека овој ходник може да доведе до понатамошни нови откритија.
Откритието е направено во рамки на проектот од 2015 година, користејќи современа технологија, вклучувајќи и скенирање и ендоскопи за истражување на внатрешноста на пирамидата.
Недовршениот коридор веројатно е изграден за да се ратерети тежината на пирамидата, главниот влез или некои други неоткриени одаи или простори, рече шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети МОстафа Вазири, пренесе „Ројтерс“.
The post Откриен скриен ходник во Големата пирамида во Гиза во Египет appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде