мај 18, 2024

Експертите за уредување на домот често тврдат дека начинот на кој се организирани нечија кујна и фрижидер може да каже многу за таа личност. Имено, често се случува кога ќе ја отворите вратата од фрижидерот, во неа да најдете многу непотребна храна, која или само зафаќа простор, или можеби рокот им е истечен.

Фрижидерот троши многу енергија, но затоа ја складира храната што ја јадете, па со воведување на некои мали промени во неговата организација би заштедиле и струја и пари. Крис Бејсли од осигурителната компанија Smart Cover откри начин на кој храната би можела да трае подолго со помош на мала реорганизација на фрижидерот, а истовремено да постигнете значителна заштеда.

„Добриот распоред е клучот за се. Да знаеме каде е што и каде можеме да го најдеме во секој момент е она што ни треба. На овој начин ќе избегнеме трошење храна, но и пари за нешто што не ни треба“, нагласи Кавер. Важно е секоја храна да има свое место според температурата што ѝ е потребна.

Храната што не треба да ја чувате на вратата од фрижидерот е млеко. Имено, многумина го чуваат млекото во вратата, што е сосема погрешен пристап бидејќи тоа не е место каде што ќе остане свежо, со оглед на тоа што преградите во вратата се потопли од останатиот дел од фрижидерот. Исто така, поради тежината создадена таму, фрижидерот користи дополнителна енергија за ладење и на тој начин троши повеќе електрична енергија. Од друга страна, зачините и сосовите имаат подолг рок на траење, па нема да пречи ако ги чувате на врата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK