октомври 14, 2024

Д-р Филипа Кеј одговори на некои од најчестите прашања со кои се сретнала.

Навистина е важно да ги разберете вашите гениталии – како изгледаат, како мирисаат и што е „нормално“ за вас.

Секако, оваа тема може да направи да се чувствувате непријатно, но срамот не треба да ве спречи да го научите она што треба да го знаете за вашето тело.

Општата лекарка д-р Филипа Кеј одговори на некои од најчесто поставуваните прашања за „TheSun“:

Која е разликата помеѓу вагината и вулвата?

– Многу луѓе не го знаат одговорот на ова прашање, а навистина е важно да знаете што имате – вели д-р Филипа и додава:

– Сè што е надвор, влакнести, буцкасти усни, внатрешни усни, клиторис, сè надвор е вулвата. Вагината е мускулеста цевка внатре, и има белег во своето име, ги има буквите „I“ и „N“ (анг. во, превод – внатре). Навистина е важно да знаете како изгледа (за вас) нормална вулва, и ако нешто се промени или имате некаква загриженост, посетете го вашиот лекар.

Дали е нормално вагината да мириса?

– Да! Сите вагини и вулвата имаат благ мирис. Ако се промени на кој било начин, на пример, ако е поврзано со силен исцедок или мирисот станува непријатен, тогаш е време да посетите лекар. Но, нормално е да имате благ мирис кој може да се промени во текот на месецот и не значи дека сте валкани. Тоа е сосема нормално.

Што е нормално за вагиналниот исцедок?

– Нормално е да имате некој вагинален исцедок и може да варира од личност до личност, но дури и кај истата личност може да се разликува во текот на вашиот менструален циклус – вели д-р Филипа и продолжува:

– На пример, како што се приближувате до овулацијата, може да забележите дека вашиот исцедок станува потенок и поводен, а како што доаѓате до менструацијата, може да стане полеплив и погуст. Ако забележите некакви промени во она што е за вас нормално, на пример, ако има чуден мирис, ако имате многу повеќе од нормалното, ја менува бојата или е обоено со крв, обратете се кај вашиот лекар – вели Филипа и посочува :

– Ако воопшто сте загрижени за вашето сексуално здравје, разговарајте со вашиот општ лекар – не бидете срамежливи, тој е тука да помогне. Секогаш можете да побарате лекар или медицинска сестра и да земете некого со себе ако се чувствувате непријатно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK