октомври 14, 2024

Денес во Прилеп, со чест и гордост им се придружив на повеќе од 5000 жени за заедно да го кренеме гласот за рамноправност и да ја посочиме суштината на Меѓународниот ден на жената. Да видам толку многу силни и посветени жени кои се здружуваат за оваа важна кауза беше навистина инспиративно. Жените се движечка сила и на СДСМ и на државата. Пример за тоа е дека во оваа Влада моментално има 50 – 50 рамноправна застапеност на мажи и жени на министерските позиции каде се поставени кадри од СДСМ. Доказ за тоа е и дека сите закони кои ја унапредуваат родовата еднаквост се донесени од Владата предводена од СДСМ. Жените ни се потребни во државата, во политиката, во бизнисот, во институциите, во фабриките, во училниците, во медиумите, на нивите, во ординациите, во културата.

Додека продолжуваме да градиме еднакво општество за секого, од клучно значење е мажите да бидат сојузници во оваа борба. Вистинска демократија подразбира целосна еднаквост. Ги поддржувам жените во нивните напори да го постигнат нивниот целосен потенцијал. Заедно создаваме општество кадешто секоја жена e рамноправна, ценета и почитувана.

Еднакви и моќни не е само слоган, еднакви и моќни жени е перспектива!

The post Жените во Прилеп денес го прославија 8-ми Март. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK