октомври 14, 2024

Богатата италијанска кујна нуди многу специјалитети и деликатеси, а тирамисуто е еден од нив.

Вредните домаќинки дошле до идеи и „прилагодиле“ веќе постоечки рецепт и така направиле тирамису во чаша.
Многу е декоративен, а сите ќе ги воодушеви прво неговиот изглед, а потоа и вкусот.

Состојки:

250 мл. слатка павлака;4 лажици шеќер;500 гр. сирење маскарпоне;200 мл. ладно кафе;36 колачиња;какао.

Подготовка:
Во сад измешајте маскарпоне и три лажици шеќер. Во друг сад истурете ја слатката павлака и една лажица шеќер, па цврсто изматете јаСоединете го сирењето и слатката павлака и мешајте со лажица додека не добиете компактна смеса.
Сварете го кафето и оставете го да се излади.
Скршете ги колачињата и потопете ги во кафето, па наредете ги на дното од чашата.
Со лажица земете од смесата од сирење и слатката павлака, па направете еден слој над колачињата. Повторете ја постапката уште двапати.
На крај, посипете го колачот со какао или свежо кафе.
Ставете го тирамисуто во фрижидер два часа, а потоа послужете.
Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK