октомври 14, 2024

Хрватицата Маја Дробњаковиќ е учесничка во шоуто „Танц со ѕвездите“. Во 2017 година, едната нога и е ампутирана  до половина и носи протеза, но тоа не ја спречило да продолжи да спортува и да живее активен живот. И покрај тоа што живее со протеза на едната нога таа трча, планинари, игра одбојка како членка на женската хрватска репрезентација со која редовно настапува на европски и светски првенства, но и танцува.

Таа во „Танц со ѕвездите“ танцува со Марко Мркиќ. Во првата емисија танцувачкиот пар собра најмногу поени од стручното жири кое ги оценува. Минатата сезона Маја била гостинка во шоуто, а оваа таа е дел од натпреварувачите.

Таа по професија е професорка по кинезиологија, со гимнастика почнала да се занимава на 8 години. Со учеството во ова шоу, таа сака да им покаже на луѓето дека ништо не е невозможно и дека само треба да имаат доволно храброст.

 

The post Девојка со протеза на ногата ги освои симпатиите на жирито во „Танц со ѕвездите“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK