октомври 14, 2024

 Утрово најниска температура од -4 степени е измерена на Попова Шапка, следат Берово и Лазарополе со – 1 степен. 

Во Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови и во Крушево температурата на 0 степени, 1 во Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола и во  Прилеп, 3 Струмица, 4 Штип, Куманово и Претор, 5 Демир Капија, Виница и Гевгелија и 7 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа до 7 часот во Охдид е наврнато 1 литар на метар квадратен, а висинатѕа на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 20 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните и јужните делови ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK