октомври 14, 2024

Сега можете брзо и лесно сами да направите вкусна супа од домати. Можете да ја јадете пред главниот оброк, но и како хранлива замена за оброк.

Домашната супа од домати најчесто се прави од свежи домати, но корисни се и конзервираните домати. Ќе ја добиете истата кремаста текстура и богат вкус на домати.

Состојки:
3 лажици маслиново масло, 2 лажици несолен путер, 1 кромид, 6 чешниња лук, 2 конзерви домат на парчиња, 3 чаши вода или пилешка супа, 1 лажица шеќер, 3/4 чаши павлака за готвење, свеж босилек.

Подготовка:
Во тенџере сипете маслиново масло и путер и кога ќе се загреете додадете го ситно исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, додадете го иситнетиот лук.
По 3-4 минути прелијте го доматот, а потоа и супата (се прави така што коцката пилешка супа се меша со 3 чаши топла вода).
Додадете шеќер, сол и бибер, па промешајте и варете околу 10 минути, додека не почне да врие.
После тоа, намалете ја температурата и варете уште половина час, па тргнете од шпоретот. Состојките измешајте ги со миксер додека не добиете изедначена смеса.
Додадете ја павлаката за готвење (кремот) и промешајте.
Посипете со сечкан босилек и послужете.

Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK