Вицепремиерот, Артан Груби, одбива да го коментира убиството кое се случи вчера во Стара скопска Чаршија, каде беа убиени две лица, порачувајќи им на институциите што поскоро да го истражат и да го решат.
-Немам допирна точка, сакам институциите да истражат и делуваат. Со тој свет на дрога, дилерство, криминал немам допирана точка. Апелирам да се реши час поскоро, ги охрабрувам институциите да постапуваат ригорозно – рече Груби во интервју за 24Анализа.
Тој повтори дека не сака да го коментира инцидентот, велејќи дека не е детектив, а како доказ за заложбите на Владата да се справи со криминалот рече дека изминативе години се запленети рекордни колични на дрога.
Во врска со фотографијата која се рашири во јавноста, а на која убиениот Јетон Кривањева е во друштво со претседателот на Собранието, Талат Џафери, Груби рече дека се работи за најобично фотографирање меѓу функионер и обичен граѓанин.
Следете не, не има насекаде