ноември 24, 2024

Нема ништо спорно во тоа што игравме фудбал во канцеларијата, пораката беше дека сме одличен тим, дека сме многу сложни заедно, дека сме млади полетни желни за резултати, дека само што сме започнале со работа, изјави вицепремиерот, Артан Груби, во интервју за 24Анализа, а во врска со фотографиите и видеото кои ги објави претходно дента како министри на ДУИ играат фудбал и кошарка во канцеларијата на Груби.

-Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто – рече Груби.

 

На прашање како би го коментирал вакво однесување на човек на функција доколку е тој опозиционер, рече дека кај сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер да игра фудбал.

The post Груби: Нема ништо спорно во тоа што игравме фудбал во канцеларијата, пораката беше дека сме одличен тим appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK