ноември 21, 2024

Објавено е видео од инцидентот со Франсиско Северо Торес, мажот кој е уапсен и обвинет за инцидентот кој го направи на летот од Лос Анџелес за Бостон, кога се обиде да ја отвори вратата на авионот, а потоа и нападна една од стјуардесите.

Како што пренесе „Би-би-си“, Торес со скршена лажица ја нападнал стјуардесата, по што полицијата го уапси на меѓународниот аеродром Логан во Бостон.

Во моментот кога екипажот во пилотската кабина го видела знакот за предупредување дека вратата е деактивирана, имале уште еден час лет пред слетувањето. Ги замолиле стјуардесите да проверат што се случува, па тогаш откриле дека рачката за заклучување на вратата е поместена и дека вратата е деактивирана.

REPORT: Massachusetts resident, Francisco Severo Torres IDENTIFIED as man who attempted to stab a flight attendant in the neck and open a plane’s emergency door on a Sunday Flight from Los Angeles to Boston…pic.twitter.com/jzPRHuu5k5

— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) March 7, 2023

Екипажот веднаш се посомневал дека Торес ја поместил, откако претходно го виделе како се движи покрај неа. Кога се случил инцидентот со стјуардесата, било објавено дека патникот преставува закана за леталото и дека капетанот ќе мора да го слета авионот во најбрзо време.

Во тие момент Торес ја нападнал една од стјуардесите со метална лажица и трипати ја удрил во пределот на вратот. Како што пренесе CBS, пред полицијата се бранел и објаснил дека ја нападнал стјуардесата затоа што мислел дека ќе го убие.

Министерството за правда соопшти дека попречувањето и обидот за попречување на членовите на екипажот и офицерите на авионот со употреба на опасно оружје се казнува со условна казна од пет години и парична казна до 250.000 долари, до доживотен затвор.

The post (Видео) Објавено видео од мажот кој се обиде да ја отвори вратата на авион во лет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK