мај 18, 2024

Градоначникот на Аеродром Тимчо Муцунски утрово им подели рози на  жените кои се дел од комуналните служби во Аеродром.  Тој вели дека е горд што денеска кога светот го празнува Меѓународниот ден на жената, имал можност лично и со рози да им го честитам празникот.

“ Имав можност да застанам и да им го честитам празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општината. Со нивната сила и посветеност, тие докажуваат дека сите сме еднакви, рамноправни и заеднички даваме придонес кон почиста и поубава животна средина. Им се заблагодаривме за трудот и личниот придонес кој тие го даваат за сите да живееме во почиста и поубава општина. За мене е вистинско задоволство да соработувам со сите вредни и посветени жени“, вели градоначаникот Тимчо Муцунски. 


The post Тимчо им подели рози на дамите од комунална во Аеродром appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK