Објавен е трејлерот од продолжението на филмот „Муње“. Српскиот филм после дваесет години добива второ продолжение, а во филмот играат Сергеј Трифуновиќ, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓуричко, Сека Саблиќ, Маја Манџука, Драган Маца Маринковиќ, Миона Марковиќ, како и младите актери Ивана Зечевиќ, Марко Павловиќ и Стојша Ољачиќ Ивперушва.
Сценарист е Срѓан Анѓелиќ, а режисер Раша Андриќ.
Никола Ѓуричко во неодамнешното гостување во емисијата „Идемо даље“ на ТВ Н1 потсети дека првата „Муње“ била повеќе гледана во српските кина отколку „Титаник“.
„Само „Муње“ беше повеќе гледан од „Титаник“ во Србија и некој филм во Боливуд, во Индија. Секаде на друго место „Титаник“ имаше рекорди, но „Муње“ го помина „Титаник“. Не знам дали овојпат ќе успееме да доминираме со „Аватар“, но многу беше возбудливо и ми беше убаво да се сретнам со моите пријатели после толку време“, изјавил Ѓуричко.
Тој рече и дека продолжението на „Муње“ не е како „Јагоди у грлу“, и дека може да се гледа како посебен филм во кој ќе се појави нова генерација на млади актери.
Премиерата на филмот „Повторно муње“ е закажана за 29 март во салата на МТС.
The post (Видео) Нов трејлер за продолжението на „Муње“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде