октомври 5, 2024

Џенифер Лопез и сопругот Бен Афлек купиле нов дом во Лос Анџелес. Станува збор за вила вредна 64 милиони долари во областа Пацифик Палисадес, чии фотографии беа објавени вчера, пишува Дејли мејл.

Новиот дом на парот има десетици спални соби и 11 бањи, теретана, базен и спа центар, а посебно внимание привлекува големата библиотека.

Пред да го купат домот, Џенифер и Бен живееле под кирија во замокот на австралискиот милијардер Џејмс Пакер во Беверли Хилс.

Засега не се изјасниле дали ќе направат некакви измени на купената вила.

Овој холивудски пар нема заеднички деца, но Џеј Ло ги има синот Макс и ќерката Еми со пејачот Марк Ентони, а Бен има три со актерката Џенифер Гарнер.

The post Џенифер Лопез и Бен Афлек купија вила вредна 64 милиони долари во Лос Анџелес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK