октомври 5, 2024

Седум месеци нема чаре за една од трите врби во Вардар, која беше откорната од невремето во август минатата година. Молк од Град Скопје што ќе прави со дрвото, дел од проектот „Три врби во реката Вардар“, кој чинеше 278 илјади евра. Сега таа собира отпад од Вардар бидејќи дел од стеблото е паднато во вода. Гранките ги собираат кесите фрлени во реката. Врбите се именувани како „вера“, „надеж“ и „љубов“, а уништена е „надеж“.

Демолирана остана и галијата, чие отстранување го почна ексградоначалникот Петре Шилегов, а потоа не го продолжи Данела Арсовска. Досега Град Скопје се нема изјаснето што планира со бродот.

Од Градот нема одговори со месеци дали прилега коритото на Вардар да биде со отпад и со скршена врба, која е скапо платена, но до овој момент од таму не се произнесоа со став.

Уништената врба е дел од проектот „Три врби во реката Вардар“ од авторката Искра Димитрова. Таа беше поставено во бетонска жардиниера. Проектот чинеше 278 илјади евра, иако првично беше планирано да се потрошат 250 илјади евра. Сумата беше зголемена поради дополнителни работи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK