октомври 5, 2024

На 07.03.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец се случила тешка сообрајна несреќа.

Товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото.

На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK